-->
-->
Ставрев ќе го суди дербито Шкендија – Вардар
-->

Еден од најдобрите македонски судии Александар Ставрев ќе ја има улогата на главен арбитер на претстојниот дерби натпревар меѓу Шкендија и Вардар.
Во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска со ждрепка беа одредени судиите за претстојното 29.коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Големото дерби кое ќе се игра во Тетово, а во кое второ пласираната Шкендија ќе го пречека лидерот и актуелен шампион Вардар, правдата ќе ја дели Александар Ставрев, кому ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов.
Вториот меч кој ќе предизвика внимание, а во кој прилепска Победа ќе биде домаќин на Силекс ќе го суди Димитар Мечкаровски.
На „Градскиот стадион“ во Штип, на мечот меѓу Брегалница и Пелистер на центарот ќе биде Марјан Маркоски, додека во Ѓорче Петров, на дуелот меѓу Македонија ЃП и Ренова ќе суди Далибор Ѓорѓевски.
Овие средби ќе се играат во среда (26 април) со почеток од 16 часот, термин во кој ден подоцна (четврток) ќе се игра и последниот натпревар од ова коло меѓу Работнички и Шкупи, а главен судија ќе биде Зоранчо Темелков.
На табелата, водечки е Вардар со 68 бодови, дури 13 повеќе од Шкендија (55). По водечката двојка следуваат: Работнички 47, Пелистер 40, Ренова 38, Силекс 36, Шкупи 29, Победа 23, Македонија ЃП 19 и Брегалница 18.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утрово уапсен Перпарим Бајрами, сам се предал на полицијата
-

Македонија прослави 35 години независност со светски музички спектакл на Давид Гета | ФОТО
-

Изминатото деноноќие вкупно 34 пожари, три активни, седум под контрола
-

Во Осло денеска државен погреб на норвешкиот крал Харалд Петти
-

Шји Џјинпинг и Путин му честитаа на Ким Џонг-ун по повод националниот празник на Северна Кореја
-

Денеска прскање против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
