Бизнис
30. December 2015 - 19:44

Ставрески: Парите се трошат домаќински, дефицитот помал од проектираниот

Годината ќе заврши со буџетски дефитиц помал од предвиденото и тоа е показател дека парите се трошат домаќински, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во, реплицирајќи на тврдењата на опозицијата за буџетско трошење поголемо од она што го изгласало собранието.

Во собраниската комисија за финансирање и буџет се дискутираше за предлогот на опозицијата тригодишната фискална стратегија да ја носи Собранието, а не владата, со цел да се воведе поголема контрола на трошењето на буџетот.

За владата добро е што стратегијата дозволува одредена флексибилност. Во спротивно не би имало можност да се прилагоди на различни ситуации во економијата која е подложна на домашни и надворешни влијанија.