Ставрески: Индустрискиот раст дава надеж за висок раст на економијата

Растот на индустриското производство од 15,2 отсто во февруари, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е добар резултат и одличен старт што создава очекувања и надеж дека вкупниот раст на економијата годинава ќе биде добар.
- Политиките на Владата и мерките што се преземаат во изминатите години создадоа добра основа за постојан пораст на производството на економијата преку поддршка на домашните фирми, со низа мерки, со најниски даноци во светот, со проектите како „Македонија вработува“ со ослободување на фирмите од плаќање данок од реинвестирана добивка, како и политики во делот на евтините кредити и високите капитални инвестиции. Тука се и странските фирми кои придонесуваат за раст на економијата, изјави Ставески при денешната посета на Кавадарци.
Тој додаде дека сето ова создава основа да се верува дека македонската економија и понатаму ќе расте со висока стапка, а тоа, како што рече, е значајно за граѓаните затоа што преку висок раст на економијата може да очекуваме нови инвестиции нови работни места и намалување на невработеноста.
Ново на Сител
-

Осомничениот за убиството на Кирк тврди дека е невин – Му се заканува смртна казна
-

Колку Американците ги чини војната со Иран?
-

Активни шест пожари на отворен простор, пет под контрола и 30 изгаснати
-

Рама евакуиран од кабинетот под силно обезбедување поради ескалација на протестот во Тирана
-

Зеленски: Руското небо „де факто ќе биде затворено“ поради украинските дронови
-

По повод 35 години независност концерт „Најдоброто од Македонија“ во Скопје
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Спектакуларен концерт на Хосе Карерас и македонските музички ѕвезди на плоштад Македонија
