Ставен под контрола големиот пожар во близина на Атина
– Под контрола е ставен големиот пожар што кусо пред полноќ изби во населбата Неа Макри во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а превентивно беа евакуирани жителите на две населби, јави дописничката на МИА од Атина.
Огнената стихија предизвика штета на неколку куќи, а целосно изгореа неколку автомобили, додека пак во гаснењето учествуваат 112 пожарникари со пет пешадиски тима, 36 возила, а помагаат и волонтери и цистерни од општините.
Пожарот започна од две жаришта во близина на населени места и преку порака од бројот за итни случаи 112 превентивно беа евакуирани жителите на две населби.
Општината го отвори културниот и спортски парк за да преноќат евакуираните, а обезбедени беа и автобуси за транспорт.
Причините за пожарот, засега се непознати, но градоначалникот на општина Маратонас Стерјос Циркас, говорејќи за „Етнос“ израз 100-процентна убеденост дека е подметнат и потсети дека во истиот дел, пожар имаше и пред десет дена.
Ново на Сител
-
Македонија и „Казанџи Холдинг АС“ со нов енергетски проект вреден милијарда евра
-
До сабота многу топло со температури над 40 степени
-
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје
-
Ротацијата на Земјата се забрзува: Денот денеска покус за 0,00134 секунди
-
МФ ја исплати Првата граѓанска обврзница и каматата од 5 отсто за втората година
-
Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор, апелира Јанкоски од Народна банка
-
Српската Влада префрли 1,8 милиони евра за субвенции за мајки кои сакаат да купат стан по раѓањето дете
-
ЦУК: Активни шест пожари, под контрола пет