Бизнис
9. March 2018 - 16:59

Статистика пресмета 0% раст за 2017 година

Политичката криза и намалената доверба кај инвеститорите доведоа до стагнација на економијата минатата година. Со политичките турболенции во земјава  многу тешко можеа да се предвидат проекциите ,смета универзитетскиот професор Борче Треноски. Според него државата треба да ги прилагоди прогнозите и да каже кои се можните негативни очекувања и ризици за годинава. Сепак ако се стабилизира политичкото опкружување, по ланската нула , прогнозата за 3%  раст може да се оствари.

Од друга страна Владата греши што премногу се обидува да го поддржи стопанството, смета Треноски. Според него економската активност треба да се ослободи. Државата треба да овозможи услови за игра на бизнис секторот, а не да се меша како главен играч.

Треноски смета дека Владата треба да продожи со крупните капитални проекти но да внимава при изборот каде главно ќе одат јавните пари. Државата треба да вложува но контролата и ефикасноста во големите проекти мора драстично да се зголеми.