Македонија
18. јуни 2021 - 21:19

Статистика објави колкав процент од смртните случаи лани биле последица на Ковид-19

Бројот на умрени лица лани пораснал за 26%. Статистика изброи 25.755 починати, што е за над 5.000 повеќе од претходната година и е највисока бројка на морталитет во последните три децении.
Според официјалните податоци, како дирекна последица од Ковид-19 починале скоро 11% од вкупната бројка. Предничат болестите на циркуларниот систем, со 41% и туморите со 15% од вкупниот број починати.
Докторите велат дека тоа што во време на пандемија немаше термини за третирање на другите болести дополнително ги зголеми црните бројки.

Инаку, лани најмногу починале во месец ноември, кога беше и пикот на пандемијата. Ако просечно на месечно ниво во земјава се регистрирале околу 1.600 смртни случаи, во ноември бројката изнесува 3.847, што е за дури 243% над просекот. Со тоа, црната статистика во Македонија е далеку над европската, која во пикот во ноември регистрирала пораст на умрените за 40%.