Бизнис
28. September 2016 - 16:03

Стартуваше расправата за предлог буџетот за 2017 година

Буџет базиран на развојна и социјална компонента, со кој треба да продолжат тековните и почнат нови капитални проекти и да се обезбеди редовна исплата на платите, пензиите, субвенциите и социјалната заштита.

Министерот Миноски пред пратениците во матичната собраниска комисија рече дека предлог-буџетот за догодина како главен приоритет ја има поддршката на приватниот сектор како единствен кој креира нова вредност.

При тоа планирани е рекорден износ на капитални инвестции.

За опозицијата ова е уште еден буџет со кој треба да се креира лажен оптимизам кај граѓаните, а се заснова на неостварливи нивоа на даночни приходи.

Предлог буџетот се темели на очекувања за економски раст од 3%, со инфалиција од 1%. Се проектира раст на приходите од даноците за 9,5%. Се очекува раст на извозот за 6%, а на увозот за 4,5%.

Приходите се проектирани на 187,6 милијарди денари, а расходите на 206,2 милијарди. Буџетскиот дефицит е планиран на 3%, а ќе се покрива со задолжување на домашниот и странскиот пазар на капитал.