Стартуваше државното првенство за ученици во футсал
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриновски во големата спортска сала во оваа општина свечено го отворија државното првенство во футсал за основни училишта во рамките на училишните спортски игри, кое од денеска па се до сабота ќе се одвива во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и ООУ “Страшо Пинџур“ – Вевчани, како домаќин на првенството.
Директорот Спасески во своето обраќање ги поздрави сите учесници и присутни во салата и се осврна на сите активности кои Агенцијата за млади и спорт ги презема во насока на поддршка и развивање на училишниот спорт. Тој потсети на 500-те стипендии кои АМС ги дава на младите и талентирани спортисти, а го потенцираше и Летниот училишен спортски камп, на кој секоја година најдобрите учесници од училишните спортски игри земаат учество и 7 дена имаат можност бесплатно да се дружат со нивните спортски идоли во Охрид.
-"Затоа, бидете упорни и посветени, напорно тренирајте, слушајте ги вашите тренери и верувајте успехот ќе дојде. А ние сме тука да го следиме секој ваш успех и да го вреднуваме секој ваш резултат. Нека победи најдобриот." - порача Спасески и го прогласи државното првенство за
отворено.
Градоначалникот на Вевчани, Угриновски ги поздрави присутните од различните краеви на Македонија и се заблагодари за укажаната можност, токму општината Вевчани да биде домаќин на едно вакво значајно натпреварување. На државното првенство ќе учествуваат следните основни училишта:
ООУ “Страшо Пинџур“ - Вевчани
ООУ “Аврам Писевски“ - Скопје
ООУ “Димо Хаџи Димов“ - Скопје
ООУ “Никола Карев “ - Кочани
ООУ “Тошо Арсов“ - Штип
ООУ“ Гоце Делчев“ - Демир Хисар
Финалните натпревари ќе се одиграат во сабота (20.02.2016)
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии