Стартува нокаут фазата на ЕУРО2020
Европското фудбалско првенство продолжува денеска, по дводневна пауза, со првите два осминафинални натпревари.
Нокаут фазата на ЕУРО2020 вечерва од 18 часот во Амстердам ќе ја отворат Велс и Данска.
Натпреварот се игра на „Јохан Кројф“ стадионот на Ајакс, екипата за која од 2010 до 2013 година настапуваше данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен, за кого ЕУРО2020 заврши по само едно полувреме поради срцевиот удар што го доживеа на дуелот против Финска.
– Многу размислувам за Кристијан и колку многу се надевав дека би можел да го доживее ова. Многу се радуваше на овој лет, тоа беше голем сон за Кристијан и самото сознание дека нема да биде со нас за овој натпревар навистина боли, изјави данскиот селектор Каспер Хјулманд.
Данска своите натпревари од групната фаза ги играше на домашен терен во Копенхаген, додека Велс одигра два натпревари во Баку, а против Италија гостуваше во Рим.
– Не беше лесно, бидејќи моравме да патуваме во Баку, а потоа и во Италија. Сега мораме во Амстердам. На хартија звучи прекрасно патувањето низ Европа, но логистички тоа е кошмар, доколку на сè се додаде и коронавирусот, изјави велшкиот селектор Роб Пејџ.
По три натпревари на домашен терен во Рим, на нова локација се сели и Италија, која вечерва од 21 часот игра против Австрија на „Вембли“ во Лондон во вториот денешен осминафинален натпревар на ЕУРО2020.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
