Стармер: Путин не е сериозен во врска со мирот
Британскиот премиер Кир Стармер, во пресрет на денешниот виртуелен состанок на светските лидери посветен на Украина предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин „не е сериозен во врска со мирот“.
На состанокот се очекува да учествуваат 25 лидери, а Стармер порача дека не смее да му се дозволи на Путин да „игра игри“ со предлогот за прекин на огнот што го даде американскиот претседател Доналд Трамп.
Британскиот премиер ги повика сојузниците да ѝ понудат безбедносни гаранции на Украина. Виртуелниот самит е дел од иницијативата „коалиција на подготвените“, која Стармер ја најави при неодамнешната посета на европските лидери во Лондон.
САД предложија 30-дневен прекин на огнот, што го поддржува украинскиот претседател Володимир Зеленски, но Москва сè уште не го прифати. Трамп, сепак, останува оптимист, оценувајќи дека неговите неодамнешни разговори со Путин биле „добри и продуктивни“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца