Џет-Сет
12. September 2017 - 18:30

Старлетата се пофали: 11 милиони ја видоа нејзината гола фотографија

Јелена Круниќ, позната по учеството во реалните шоуа во Србија како и по бурниот ноќен живот, се пофали на Инстаграм дека и се зголемила публиката и славата.

Имено, таа на својот профил се пофали со една фотографија во топлес, на која се гледаат нејзините тетоважи, а која е објавена и најпосетуваната страница на Фејсбук посветена на тетовирањето.

„Голема чест е да се најдеш на светската Тату страница, која ја следат над 10 милиони луѓе ширум светот и над 11 милиони луѓе велат дека таа иста страница им се допаѓа. Исто така и сликата со најголем број лајкови...Навистина сум пресреќна што мојата слика стигна на ова ниво на светска фотографија. Останав без натамошен коментар, пресреќна“, напиша Круниќ.