-->
-->
Старец од Тетово силувал 16 годишно девојче во тетовско
-->

Четириесет и четиригодишен жител на тетовското село Џепчиште вчера во 16 часот во Полициската станица Тетово пријавил дека негов шеесетгодишен соселанец во два наврата ја силувал неговата 16-годишна ќерка.
Според пријавата на таткото на девојчето, шеесетгодишникот во август и октомври 2016 година, во два наврата, со својот автомобил го пресретнувал девојчето и со употреба на сила ја внесувал во автомобилот, по што ја носел на различни локации каде што ја присилувал на сексуален однос.
Пријавениот сам се пријавил во СВР Тетово и комплетно го негирал кривичното дело.
СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Евробарометар: Малтежаните силно ја поддржуваат македонската и албанската кандидатура за членство во ЕУ
-
Од ЈП Дрисла тврдат дека не се одговорни за загадувањето, се сомневаат во политички мотивирани потпалувачи
-
Објавена фотографија од пушката со кој беше убиен Чарли Кирк | ФОТО
-
ОН: Во Северна Кореја се бележи зголемен број на смртни казни и затвореници на принудна работа
-
НЦАА поведе истрага против 13 кошаркари за нелегално обложување
-
Штипското Обвинителство ги испитува причините за несреќата на патот Штип-Радовиш, каде загинаа тројца странски работници
-
Случај Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании
-
Трамп: Мора да се справиме со радикалните левичарски лудаци