Стапалка од диносаурус долга еден метар пронајдена во Британија
На британскиот „Брег на диносаурусите“ е пронајден рекордно голем отпечаток од овој одамна изумрен вид. Стапалката, долга речиси еден метар, е најголема од ваков тип откриена во Јоркшир.
- Најинтригантната одлика на ова откритие е долгата трага зад стапалото - она што го нарекуваме метаподиум. Тоа значи дека нашиот голем месојад веројатно се одморал клекнат тука во калта пред да стане, замине и остави вечен отпечаток зад себе. Забавно е да се замисли како овој диносаурус шета по калливата крајбрежна рамнина во едно мрзливо неделно попладне во периодот Јура, палеонтологот Дин Ломакс од Универзитетот на Манчестер.
- Не можев да поверувам кога го видов, морав двапати да проверам. Претходно наидов на некои помали отпечатоци, но ништо слично, раскажува Мери Вудс, археологот што го пронајде отпечатокот.
На овој брег се најдени илјадници стапалки од диносауруси, како и бројни фосили, но отпечатокот со три прсти е еден од само шесте такви забележани тука. А, првиот од нив бил откриен 1934 година.
- Ова важно откритие дополнително докажува дека џиновските месојади талкале на овој дел од земјата за време на периодот Јура. Видот на стапалото, во комбинација со неговата старост, укажува дека го направил диносаурус од расата мегалосаурус или сличен нему, појасни геологот Џон Хадсон.
Мегалосаурус бил еден од најголемите грабливци на своето време - имал голем череп „вооружен“ со остри заби. Во должина, можел да дотигне и до 8 - 9 метри.
Наодот им овозможи на научниците да го проучат обликот на стапалките, бројот на прстите, трагите од канџи, како и остатоците од кожата од диносаурус. По работата на фосилизираниот отпечаток, властите ќе го изложат во музеј.
Ново на Сител
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна