Станови, автомобили и машини по багателни цени - нова распродажба во УЈП
Станови, автомобили, товарни возила, монитори, лап-топи, различни машини и какви уште не движни и недвижни предмети нуди на продажба Управата за јавни приходи во најновиот оглас за аукциска продажба закажана за 28 февруари, годинава.
На продажба се нудат опели, мерцедеси, даеву и други видови автомобили кои во зависност од годината на производство и амортизацијата се продаваат по почетни цени од 50.000-60.000 денари па нагоре.
Комјутерски монитори се нудат по почетна цена од 1.600 денари, а телевизори по почетна цена од 3.600 денари.
За подетални информации во врска со учеството на електронските јавни аукции/слободни комерцијални продажби на движни и недвижни ствари посетете го веб порталот http://e-aukcii.ujp.gov.mk.
Преку веб порталот можете да ги видите активните аукции, да вршите on-line разгледување и преглед на достапните аукциски производи (движни и недвижни ствари), да се пријавите и учествувате во процесот на надавање и лицитација за стварите кои се предмет на јавна аукција/продажба.
За да учествувате на е-аукциите на УЈП, единствено што треба да направите е да се регистрирате како корисник на http://e-aukcii.ujp.gov.mk
Детална листа на предметите за продажба ТУКА.
Ново на Сител
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта
-
Во Ватикан започна погребот на папата Франциск
-
Во Рим средба Трамп – Зеленски
-
Трамп: Украина и Русија се пред историски договор