Станков: Добрата одлука почнува со точна статистичка анализа, затоа е важно користење на официјалните статистички податоци

Податокот само по себе, доколку не е споредлив, не е корисен и разликата меѓу официјалните податоци и сите други податоци е во сигурната методологија којашто се употребува, односно фактот дека квалитетот е испитан, дека се имплементира меѓународна усвоена методологија со соодветни статистички стандарди и податоците се со висок квалитет и споредливи со другите земји, вели во интервју за МИА директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков.
Добрата одлука почнува со точна статистичка анализа, и затоа, посочува Станков, 2025 е прогласена за година на македонската статистика и по тој повод се организираат повеќе настани, активности и работилници со цел да се зголеми свесноста за важноста на официјалните статистички податоци и нивната употреба во носењето на одлуки и стратегии.
Осум децении македонската статистика е сведок на општествените промени, на економскиот раст, на демографските промени, на социјалните текови и на секој обид како држава да изградиме подобро утре, а потврда за квалитетот и усогласеноста на нашите статистички податоци со европските, според Станков, е фактот што тие подлежат и на процес на трансмисија и валидација од страна на Евростат и тоа што сме членка на највисокиот статистички стандард на Меѓународниот монетарен фонд.
Македонската статистика на 1 јуни одбележува значаен јубилеј – 80 години и по тој повод МИА во интервјуто што ќе биде објавено утре разговара со директорот на ДЗС Дејан Станков на повеќе теми, од тоа како се мери инфлацијата и индексот на трошоци на живот, за тоа како ДЗС се подготвува за следниот попис на население и дали дигитализацијата и вештачката интелигенција се сојузник или ривал на статистиката.
Ново на Сител
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-

„Алкалоид” АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија – во неа ќе се прават над 20.000 анализи годишно
-

„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – показна вежба на МВР за превенција од употреба на петарди
-

Дардишта и 32ца осомничени за местење тендер од над 7,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција
-

ГАК – Починатото новороденче немало физички повреди, причина за смртта е незрелост на белите дробови
-

Скопје меѓу најзагадените градoви
