Балкан
12. August 2021 - 12:43

Станев: ИТН нема да поддржи нов мандатар за состав на новата бугарска Влада

Најголемата партија во 46. Народно собрание на Бугарија „Има таков народ“ ќе им се спротивстави на сите, изјави Филип Станев, коментирајќи ја одлуката со која се потврди завршувањето на првиот мандат за неговата партиој, со ѓто се отвори патот за продолжување на постапката за предавање на преостанатите два мандати за формирање влада на Бугарија.

Станев, исто така, коментираше дека „Има таков народ“ нема да поддржи нов мандат, што според локалните аналитичари го отвора патот за нови предвремени парламентарни избори, доколку претходно од партијата на Трифонов не се подели група пратеници кои ќе поддржат формирање влада со мандат со ограничено времетраење, меѓу шест и осум месеци.