„Стандард енд Пурс“ го зголеми рејтингот на Русија до инвестициско ниво, „Фич“ го потврди
Меѓународната агенција за рејтинг „Стандард енд Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Русија до инвестициско ниво „БББ“ од шпекулативното ниво „ББ+“.
Прогнозата, според рејтингот, е сменета од „позитивна“ на „стабилна“.
- Демонстрираната приврзаност кон конзервативната макроекономска политика најверојатно ќе ги поддржи силните надворешни и фискални салда на Русија, а флексибилниот девизен курс ќе и овозможи на економијата да ги апсорбира шоковите кои би можеле да произлезат од построги санкции или пониски цени на суровините. Колапсот на голем број приватни банки не ја поткопа финансиската стабилност и гледаме рани знаци на закрепнување на кредитирањето, соопшти агенцијата.
Поради овие причини, според експертите, рејтингот на Русија во странската и националната валута се зголемува соодветно до „БББ-/А-3“ и „БББ/А-2“.
Агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Русија на ниво на инвестиции на „БББ-“ со позитивна перспектива.
Ново на Сител
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование