Стагнацијата на економијата е резултат на политичката криза
Стагнацијата на економскиот раст во првиот квартал е одраз на политичката криза во која довербата во деловната клима беше нарушена, а инвестициските активности забавија.
Ова е особено видливо во градежниот сектор кој беше главен чинител во брутодомашниот производ изминатите години, велат експертите.
- Оваа стапка на БДП од нула проценти е очекувана бидејќи се однесува за период кога политичката криза доживеа на интензитет и кулминација. На производната страна се должи на пад на градежниот сектор кој претходно растеше со импозантни стапки што покажува за целосно замрена инвестициска активност. Ако го поврземе тоа и со реализацијата на капиталните инвестиции во тој период има значајна подреализација, изјави професорот Марјан Петрески, изјави Марјан Петрески, професор.
- Имаме некое одложено влијание на намалување на БДП пред се на градежништвото бидејќи ако земеме предвид дека во претходните неколку квартали економскиот раст без градежниот сектор имаше раст под 1 отсто, меѓу 0,5 и 0,7 што значи дека го немаме градежништото и БДП паѓа под еден процент, оцени Борче Треновски, професор.
Неизвесноста се уште трае - додаваат експертите бидејќи се чекаат политиките и мерките од новата влада, како и дали се остварливи претходните најави за раст од пет проценти со помош на структурни реформи.
- Имам голем оптимизам дека од јуни работите се движат во позитивна насока. Веќе во разговори со фирмите се гледа дека инвестициската активност се придвижува. Ги гледаме и првите показатели околу приходите и ако започнеме да ги правиме вистинските реформи земјата ќе оди во вистинска насока и ќе биде интензивиран економскиот раст, изјави министерот одговорајќи на новинарски прашања на иницијалниот состанок за Економската програма за реформи, рече Драган Тевдовски, министер за финансии.
Раст на конкурентна, пазарна економија е токму целта на програмата за економски реформи која е во својот четврт циклус и е дел од евроинтеграцискиот процес.
Ако во претходниот циклус проектот се фокусираше на јавните инфраструктурни инвестиции, овој пат фокусот треба да биде на регалтурната реформа и функционирањето на пазарот, порачаа претставниците на Европската комисија.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар