Свет
4. October 2016 - 8:58

Стафан де Мистура разочаран поради прекинот на разговорите за Сирија

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура изрази длабоко жалење поради одлуката на САД да ги прекине разговорите со Русија за решавање на сирискиот конфликт.

Тој истакна дека светската организација „ќе продолжи енергично да се залага за политичко решение“ со цел да се стави крај на војната во Сирија.

- ОН никогаш нема да дозволат на сирискиот народ да му се случи судбина на бесконечен насилен судир, соопшти канцеларијата на Мистура.

Советот за безбедност на ОН разгледува предлог-резолуција за воспоставување примирје во Алепо и прекин на сите воени судири во овој сириски град.