Стабилна ситуацијата на македонско -грчката граница

Ситуацијата на македонско-грчката граница утрово е стабилна и мирна, по вчерашниот насилен обид за влегување на македонска територија од страна на бегалците кои се наоѓаат во кампот во Идомени.
Според раководителот на ПТЦ Гевгелија Зоран Лазаровски, ситуацијата во и околу кампот е мирна, како што е и на граничниот камен 59 и дека во Гевгелија е видливо зголеменото присуство на нашите безбедносни сили, кои се подготвени да интервенираат во секој момент во заштита на границата.
Директорот на болницата Сретко Јованов утрово за МИА изјави дека само еден, од 15 - те повредени припадници на безбедносните сили поради сериозноста на повредите во пределот на гениталиите е префрлен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите 14 по санирање на повредите се вратени во своите единици.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Подигнување на свест за машкото здравје
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
