-->
-->
Стабилна и мирна состојбата на ТЦ Табановце
-->
Состојбата во ТЦ Табановце е стабилна и мирна информираше денеска координаторот на центарот, Горан Стојановски.
Тој соопшти дека во транзитниот центар Табановце сместени се 1.100 мигранти, а во меѓуграничната зона помеѓу Македонија и Србија има 335 Сиријци и Ирачани.
- Направивме максимални напори да обезбедиме соодветни услови да бидат внесени внатре во центарот, подигнавме времени шатори тоа се мали објекти, но сепак доволно добри за да можат да ги прифатат мигрантите. Но,едноставно тие не сакаат да се вратат назад, изјави Стојановски.
Тој наведе дека засега се почитува нивната волја, но додаде дека во наредниот период Владиното тело за менаџирање ќе донесе одлука,по што мигрантите од меѓуграничната зона ќе се вратат во Табановце или пак, дел ќе бидат префрлени во центарот во Гевгелија.
Оваа група мигранти со воз пристигнаа на Табановце на 7. март годинава и откако српската страна ја затвори гранцата, мигрантите не го продолжија патот кон северните земји. Дел од нив, деца и жени претходните денови се вратија во центарот.
Мигрантите пред медиумите изјавуваат дека очекуваат отварање на балканската рута и да го продолжат патот кон посакуваните дестинации, земјите членки на ЕУ.
Бегалците и мигрантите сместени во транзитниот центар ја добиваат потребната грижа од институциите и од невладините организации во однос на хуманиот аспект, храна, облека, обувки, хигиенски производи, медицинска помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците