-->
-->
ССМ: Една година од големиот работнички протест, 2 од 3 барања исполнети
-->
Сојузот на синдикатите на Македонија на 12.12.2021 година со почеток во 12.12 ч. организираше голем работнички протест со три главни барања:
– недела да биде неработен ден
– минималната плата да се зголеми на 18.000 денари
– да се потпише Општиот колективен договор за јавен сектор
На студеното и дождливо време, големиот број на работници упатија сериозна порака и работничките барања ги изнесоа пред Собранието, Стопанската комора, Организацијата на работодавачи на Македонија и Владата.
Иако за жал протестот не беше поддржан од другите синдикати, ССМ заедно со работниците се изборија од јануари 2022 година недела да стане неработен ден за 92% од работниците и минималната плата да се зголеми на 18.000 денари од март 2022 година со што беа исполнети две од трите работнички барања.
За жал, изминатава година, Владата се покажува како лош работодавач, се уште одбива да го потпише Општиот колективен договор за јавен сектор каде што требаше да биде утврден регресот за годишен одмор или актуелниот К-15 за сите работници во јавен сектор, иако истиот не е спорен и одредбите се усогласени помеѓу социјалните партнери.
За исполнување на ова барање, како и да се уврди дали ветувањата на Владините министри се само една голема лага, остануваат уште дваесетина денови до крајот на годината.
Сојузот на синдикатите на Македонија по завршување на рокот, ќе биде принуден да побара одговорност и оставки од министрите кои јасно и гласно кажуваа ( лажеа и манипулираа) дека нов Општ колективен договор за јавен сектор ќе има и дека истиот ќе биде потпишан до крајот на оваа година, а за новата методологија за усогласување односно пораст на сите плати со порастот на минималната плата, која методологија требаше да важи од 1 јануари 2023 година, а нема ниту ,,М” од истата!
Работничката сила е во нејзината бројност организирана во Сојузот на синдикатите на Македонија за заедничка борба против неправдата нанесена од работодавачите, локалната и централната власт.
Сојуз на синдикатите на Македонија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
