ССК тврди: Грчките компании редевно ги плаќаат обврските на македонските компании
Кризата во Грција засега не влијае на платниот промет на домашните фирми, велат од ССК. Иако се очекуваше да има одложување на плаќањето на досепаните обврски, тие досега редовно се подмируваат, но тоа не значи дека ваквата состојба би се задржала и во идниот период. Владата веќе прави стратегија од евентуално прелевање на грчката криза во земјава.
Бизнисмените се надеваат дека нема да има влошување на политичката состојба, и дека ќе се оствари растот од 3,2 отсто за годинава, какви што се предвидувањата и на бзинсимените и на ММФ, а за кој се очекува еден од главните двигатели да бидат инвестициите. Добрата бизнис клима, ги привлече и Унгарците.
На денешната средба на ССК со унгарската делегација, беше истакнато дека Унгарија сака се повеќе фирми од таму да нвестираат во Македонија. За зголемување на трговската размена со земјата до крајот на годинава тие очекуваат и воведување на дирекна авиолинија, Скопје- Будимпешта, со што освен економијата ќе придонесе и за развој на туризмот во земјата.
- Македонија и Унгарија се многу блиски и на политички и на економски план. Унгарија не само што е петта по ред по големан во одсно на странските вложувања во Макеоднија, со тенденции да се зголемат уште повеќе инвестициите, туку Унгарија е и голем подржувач на македонските евроатлански интеграции. Освен зголемување на инвестициите во Макеоднија, од друга страна сакаме и поеќе унгарски производ и технологија на македонскиот пазар, како и поголемо присуство на ваши фирми во Унгарија, изјави Левент Маѓар, секретар за економска дипломатија во Министертвотот за надворешни работи на Унгарија.
Вкупната трговска размена меѓу макеоднија и Унгарија во последниве три години се движи од 60 до 100 милиони американски долари.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
