ССК со меморандум до нови позиции на пазарот во Чешка
Зацврстување на деловните релации меѓу Северна Македонија и Република Чешка како и зголемување на трговската размена, предвидува Меморандумот што го потпишаа вчера претседателите на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска и на Конфедерацијата на индустрија на Чешка, Јарослав Ханак.
– Двете држави имаат долга традиција на соработка, а фокусот за интензивирање го гледаат во инфраструктура, автомобилската индустрија, индустрија за управување со отпад и со отпадни води, како и за заштита на животната средина, соопшти ССК.
Меморандумот треба дополнително да ги зацврсти трговските врски меѓу двете држави и да отвори нови можности за соработка на компаниите, преку заеднички вложувања. Силен импулс за натамошно продлабочување на меѓусебните односи, според најавите, треба да биде заедничката мешовита економска комисија која ќе координира конкретни проекти за развој на меѓусебните економски односи.
Трговската размена меѓу двете земји во континуитет е во нагорна линија во последната година со зголемување од 15 проценти, со потенцијал за унапредување на соработката во насока на намалување на разликите во размената.
Ново на Сител
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Папата Франциск ја предводеше мисата на Бадник во Ватикан пред илјадници верници
-
Израелската истрага заклучи дека присуството на израелски војници најверојатно довело до убиство на шест заложници во Газа
-
Облачно, студено и ветровито со повремени локални врнежи од дожд и снег
-
Состојба на патишта
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076