ССК: Компаниите можат да исплаќаат и помал „К-15“ ако имаат финансиски тешкотии во работењето
Компаниите можат да исплатат и помала сума за регрес за годишен одмор или т.н. К-15 од договорената со колективен договор доколку настанале тешкотии во нивното работење, потсетуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија.
Од Сојузот потенцираат дека компаниите како работодавачи треба да знаат дека со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор од 2015 година во членот 35 се додава дека работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со колективен договор.
- Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците. Компаниите кои не генерираат доволно профит не смее да се ставаат во ситуација да подигнуваат кредити или да бараат позајмици за да исплатат регрес, со што дополнително ќе си ја отежнат ликвидноста. Треба да се овозможи компаниите кои имаат тешка година да опстојат, а не дополнително да се оптоваруваат по секоја цена. Компаниите треба да знаат дека ја имаат оваа опција. Работодавачите го поддржуваат наградувањето на работниците бидејќи тоа е начин на подобрување на продуктивноста, но тоа не смее да биде на штета на финансиската стабилност на фирмата и причина за нејзина неодржливост, велат од ССК.
Со Општиот колективниот договор за приватен сектор од областа на стопанството во член 35 – се предвидува исплата на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 отсто од основицата за пресметка на плата која важи на денот на донесување на одлука за исплата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач.
- Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор и во поголем износ, а се исплатува еднаш во текот на годината. Тоа значи дека компаниите имаат обврска да исплатат само за оние вработени кои работеле кај нив повеќе од шест месеци во календарската година, се вели во денешното соопштение од ССК.
Реакцијата на Сојузот, појаснуваат оттаму, е резултат на тоа што, како што посочуваат деновиве се појавиле невистинити информации во врска со ова прашање.
Ново на Сител
-
Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури
-
Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа
-
Ким: Русија има право на самоодбрана
-
Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти
-
Состојба на патиштата
-
Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО