ССК: Електромобили и нови софтверски решенија за квалитетни поштенски услуги

Сојузот на стопански комори (ССК) се надева дека нема да има уште едно одложување на либерализацијата на пазарот на поштенски услуги и дека процесот навистина ќе почне од први јануари 2020 година, како што е најавено.
Дотогаш, смета ССК, државата треба да донесе неколку законски измени со кои ќе ги намали царинските давачки за да ја поттикне набавката на електрични автомобили од страна на поштенските оператори зашто тие засега, со многу стари возила ги разнесуваат пратките, а тоа, освен што е бавно, ја загадува и животната средина.
Според Сојузот, и компаниите треба да вложат во нови софтверски решенија за да ја подобрат он-лајн трговијата. Да ги доближат интернет продавниците до потрошувачите.
-За клиентите е најбитна навремената и сигурна достава на пратки и токму кон тоа треба да се стремат поштенските оператори. За таа цел е неопходна заштита на слободната конкуренција. Поштенскиот пазар во моментов е ограничен. Монополот е кај Македонска пошта која е единствено надлежна за пратки до 50 грама. Тоа се писмата кои се по количина и број најмногу. Македонска пошта во тој сегмент има неограничено право да ја уредува цената, поштенските оператори се врзани да имаат минимум 2,5 пати повисока цена од Македонска пошта. За другите пратки – препорачани, пакети над 50 грама, цената не е диригирана, но голем дел од пазарот се поштенските писма, рече потпретседателот на ССК Александар Милошевски.

Оценка на ССК е и дека со либерализирањето на пазарот, во земјава ќе влезат и странски поштенски брендови што ќе значи многу повисок стандард и уште поквалитетни услуги.
Повикувајќи се на податоците од Народната банка, Милошевски нагласи дека е-трговијата во земјава е во постојан раст. Лани се реализирани над пет милиони он-лајн трансакции што е 21 отсто пораст во однос на 2017 година. Според Државниот завод за статистика, пак, 406.000 граѓани купувале на интернет минатата година или 31,6 проценти од интерент корисниците што е раст за 62 отсто.
Согласно извештаите на Агенцијата за пошти, над 2.000 граѓани годишно поднесуваат поплаки за изгубени пратки.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
