Српско-албански Бизнис форум во Ниш
Во српскиот град Ниш денеска ќе се одржи Бизнис форум „Србија-Албанија“, на кој ќе учествуваат околу 300 претставници на компании и стопанственици од двете земји.
Собирот се организира со цел да дојде до приближување на српската и албанската бизнис заедница.
Како што јави Танјуг, ова е прв голем собир на српските и албанските стопанственици, а се одржува во Ниш, кој од вчера, па во следните седум дена е седиште на српската Влада.
Форумот ќе го отворат премиерите на Србија и на Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама, а на него ќе говори и директорката на Светската банка за Западен Балкан, Елен Голдстин.
Домаќини на форумот се претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж и претседателот на асоцијацијата Бизнис Албанија, Луан Брегази.
По пленарниот дел од Форумот предвидени се билатерални средби на стопанствениците во текот на кои претставниците на деловните заедници на Србија и Албанија ќе разговараат за конкретни зделки и заеднички проекти.
На Форумот учествуваат компании од секторот на прехранбената индустрија, трговијата, електро и машинската, градежната, хемиската, металопреработувачката и дрвната индустрија, како и од областа на туризмот и хотелиерството и телекомуникациите.
Ново на Сител
-
Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Премиерот Мицкоски во посета на РЕК „Битола“
-
Аргентинскиот претседател Милеи нападнат со камења на предизборен митинг
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111