Српските власти го ослободија косовскиот полициски началник Нехат Тачи

Српските власти синоќа го пуштија од притвор полицискиот началник за регионот на Косовска Митровица, Нехат Тачи,кој во притвор мина 30 дена.
Тачи во Косово влезе прку пеминот Мердаре,каде покрај од граѓани беше пречекан и од шефот на косовската дипломатија,Енвер Хоџај.
Тој се заблагодари на институциите на Косово за се на што го сториле за неговото ослободување.
-Му благодарам на министерот за надворешни работи и на институциите кои се грижеа за мене. Од среда ќе го дадам мојот максимум за да и го вратам долгот на оваа држава за се она што го сторија за мене,за да ме ослободи,-изјави Тачи.
Нехат Тачи беше уапсен на 29 септември на граничниот премин „Бела земја“ а по два дена му беше одредена мерка привор во траење од 30 дена.
Министерот Хоџај изјави дека Тачи бил задржан во Србија неправедно.
Инаку, пред два дена,поради апсењето на Тачи и на уште еден Косовец,кој од Германија доаѓал на одмор во Косово,но се барал за воени злосторства за време на косовската војна,официјална Приштина, ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Србија.
Преку соопштение за јавноста,Министерството за надворешни работи во Приштина, последоватеното апсење го оцени како непифатливо и оти ги доведува во опасност постигнатите процеси во текот на дијалогот за нормалзиирање на односите меѓу Косово и Србија.
Ново на Сител
-

Во Владата состанок за реформската агенда
-

Двајца загинати и еден тешко повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп - Градско
-

Приведен маж кој демнел и се заканувал на сопругата со која се во бракоразводна постапка
-

21-годишен мотоциклист тешко повреден откако удрил во карпа
-

Прегазена 52-годишна жена од Скопје
-

Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, тврди дека немирите во Белфаст се расистичко насилство
-

Преземени мерки за справување со пожарите, воздухопловите и возилата сервисирани навреме, вели Мицкоски
-

Останува проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, десетици заинтересирани компании за дата центри
