-->
-->
Српските туристи од денеска добиваат картички за бесплатна патарина
-->
Одлуката на Владата на српските државјани да им бидат бесплатни патарините како благодарност за донациите на вакцини, почнува денеска. Патниците од Србија кои влегуваат на граничниот премин „Табановце“, ќе добијат м-смарт картичка со која бесплатно ќе ги поминуваат патарините се до граничниот премин „Богородица“ со Грција.
На доделените картички има кредит од 760 денари колку што треба за поминување на коридорот 10 во двата правци. Изработени се околу 65 илјади картички и предадени на МВР кои ќе ги издава на „Табановце“.
Овие картици ќе може да се користат до 15 август, но картичките ќе може да се задржат и понатаму и да се надополнуваат со кредит од најмалку 300 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома
-
Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран
-
По посетата на кочанската болница, Алиу веќе доби барање за вработување на неопходен кадар во установата