Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани
Српскиот патријарх Порфириј одржа синоќа во храмот Свети Сава во Белград молитва за загинатите во пожарот во Кочани и за шеснаесеттата жртва на несреќата на железничката станица во Нови Сад, Вукашин Црнчевиќ, јави допписникот на МИА од Белград.
„Вечерва се помоливме за сите оние кои трагично загинаа во Северна Македонија, во Кочани, како и за шеснаесеттата жртва под црната и трагична настрешница во Нови Сад, за Вукашин“.
„Се молевме вечерва и заедно со родителите на оние кои се наоѓаат овдека во Белград во болница, оние кои исто така тешко настрадаа во Кочани. Се молевме вечерва за нив и ги молам сите да се молиме постојано, од длабочината на душата, и на пресвета Богородица и на Господ наш Исус Христос, со својата љубов и благодат - да им дадат сила на родителите, но и да им дадат умешност и знаење и на сите лекари кои се грижат за оздравување на сите од Кочани оние кои се наоѓаат овдека во Белград, што побрзо да оздрават и да се вратат дома“.
Патријархот им искажа длабоко сочувство на родителите на Вукашин, и додаде - „се моиме да покој на душата на нивниот син“.
Ново на Сител
-
Кампања „Преспа разбуди се“ за чиста средина
-
Панова: Измените на законот за работни односи во Собрание
-
Македонското земјоделство под влијание на климатски промени
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-
Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%
-
Синдикатите поделени околу спуштањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5%