Бизнис
4. March 2018 - 16:24

Српскиот министер за трговија се противи на можноста за воведување контра мерки кон Македонија

Србија нема да воведе контрамерки кон Македонија поради отежнатиот увоз на српското брашно во земјава. Српскиот министер Љаиќ во изјава за РТС вели дека е против ваква одлука, бидејќи најголема штета ќе претрпат бизнисмените од двете земји. Тој како и неговиот колега Николовски посочи дека ќе настојува проблемот да се реши со договор и компромис. Сепак,  останува на ставот дека спорниот правилник треба да се повлече.

Од друга страна пак Николовски вчера потенцираше дека  Правилникот е ист како и досега и нема никакви измени освен во редоследот на активностите. Не најави негово повлекување. Посочи дека досега правилата не се почитувале. Се лепеле маркици на српското брашно и се пуштало во промет без да се се почека на анализите од АХВ.

-Не се воведува никакво отежнување, напротив ја олеснуваме постапката, ја намалуваме цената на конторлните маркици, наместо да се лепат истите во Србија и брашното да се пушта во промет, сега тоа ќе се прави во Македонија, впрочем работа која што беше потенцирана и од самите увозници со кои имав состаноци. Тие и досега требале брашното кое што ќе стигне на граница, да го скалдираат во магацините, кои како увозници ги регистрираат во МЗШВ, а дури подоцна да биде ставено во промет. Меѓутоа не секогаш тоа се случувало, праксата била брашаното од граница директно да оди во промет затоа што има конторлна маркица, меѓутоа нема анализа од АХВ. Интенијата на МЗШВ, на Владата, е да ги заштитиме граѓаните да ставиме ред, но при тоа на отежнуваме било какви постапки, вели министерот Николовски.

Претходно Лајиќ изјави дека една од причините за ставање на маркици на брашното во Македонија е  да се спречи шверцот. Српските маркици многу често завршувале на косовското брашно кое подоцна се извезувало во земјава како српско. Но сепак нагласи дека ова не е начин да се казнуваат чесните извозници.

Преговорите помеѓу двете страни продолжуваат и следната недела. Најверојатно за спорот ќе се дискутира и на првиот состанок на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна кој во среда ќе го води премиерот Заев.