Српскиот министер за спорт Удовичиќ под истрага за корупција
Српската Агенција за борба против корупцијата започна истрага против поранешениот ватерполист и актуелен министер за спорт и млади на Србија, Вања Удовичиќ, под сомнеж за финансиски малверзации околу организацијата на Европските универзитетски игри во 2020 година, чиј домаќин ќе биде Белград.
Како што тврди „Блиц“, истрагата почнала поради префрлањето на 143 милиони српски динари (1,2 милиони евра) на сметката на незаконски формираното претпријатие „Европски универзитетск игри 2020“.
Според весникот, Удовичиќ и неговите најблиски соработници направиле низа пропусти и неправилности при трансферот на средствата на даночните обврзници на Србија и ги довеле во заблуда членовите на српската Влада, која сметала дека фирмата е законски формирана.
Истрагата започнала врз основа на пријава на вработен во Министерството за спорт и млади, кој ги открил неправилностите при формирањето на фирмата „Европски универзитетск игри 2020“, поради што добил отказ.
„Блиц“ наведува дека во досегашниот тек на истрагата било утврдено оти за изработка на планот на Игрите, Министерството платило дури 573.000 евра, иако реалните трошоци се проценуваат на околу 30.000 евра.
Ново на Сител
-
Потпишување договори за проекти за канализациона мрежа, водовод и програма за води со општините
-
Владата ќе откупи 9000 тони пченица од индивидуалните земјоделци за стоковите разерви
-
Во Струмица доделени 21 стан на семејства во социјален ризик
-
Се празнат училиштата
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓанските здруженија ќе прераснат во политички партии за да можат да учестуваат на локалните избори
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола