Српската владејаќка партија решава за можни предвремени избори
Главниот одбор на најголемата партија во српската владина коалиција, Српска напредна партија (СНС) на премиерот Александар Вучиќ денеска ќе одржи седница на која ќе се расправа за можноста за одржување предвремени парламентарни избори во Србија, јави Танјуг.
Според партиски извори, Вучиќ ќе побара од Главниот одбор да му овозможи да свика предвремени парламентарни избори и пред одржувањето на Конгресот на партијата, закажан за 13 февруари.
Ова е втор пат во последниве неколку месеци партијата на Вучиќ да најави можност за одржување предвремни избори, на кои се очекува убедлива победа на нејзината коалиција.
Последните најавите за можни предвремени парламентарни избори во Србија доајдоа откако српското државно раководство беше исвиркано минатиот викенд на отворањето на Европското ватерполо првенство во Белград, по што Вучиќ во вторникот најави дека планира да разговара со своите советници за можноста за распишување предвремени избори.
- Таму имаше од 500 до 1.000 лица, кои ги сметам за хулигани, кои сакаа да направат политични настан. Ќе им го овозможам она што го сакаа и ќе има уште поголем политички настан. Гледам дека сите сакаат предвремени избори и велат дека Владата работи лошо. Тогаш народот нека избере некој подобар, изјави Вучиќ осврнувајќи се на исвиркувањето на државниот врв.
Според српските медиуми, евентуалните превремени парламентарни избори би се одржале заедно со локаланите, кои се предвидени за почетокот на мај.
Ново на Сител
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии
-
Престрелка на границата САД - Мексико
-
Приведен гостиварец, агресивно се однесувал кон сопругата и малолетната ќерка
-
23-годишен Македонец возел 184км/час на автопатот кај Бујановац и удрил во полициско возило
-
Починато едно лице од Ковид-19 од Куманово
-
Скопје на 37. место по загаденост, прекинат прагот на алармирање во Битола и Струмица