Српската влада донесе одлука за соработка на Лесковац со Струмица и на Лебане со Кривогаштани
Српската Влада на денешната седница донесе одлуки за соработка на повеќе општини во Србија со општини и градови во други земји, меѓу кои е и соработката меѓу градот Лесковац со градот Струмица и општината Лебане со Кривогаштани во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Градот Лесковац ќе воспостави соработка со општина Струмица, Република Северна Македонија, во областа на економскиот, деловниот и научно-техничкиот развој, социјалната заштита, образованието, културата и спортот, се наведува во соопштенито.
Членовите на Владата денеска донесоа одлуки за соработка и на општина Лебане со општина Кривогаштани во Северна Македонија во областа на економијата, образованието, спортот, културата, екологијата, информатичката технологија, туризмот, како и воспоставување на прекугранична соработка според проектите на европските фондови.
Ново на Сител
-
Штрајк од први јуни ако не им се исполнат барањата: Вработените во ФЗОМ одржаа предупредувачки протест
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден
-
Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар