Српската опозиција протестира поради изборна измама

Голем број луѓе се собраа денеска на протест на опозицијата пред зградата на српското Собрание, каде се наоѓа седиштето на Републичката изборна комисија.
Меѓу учесниците има повеќе партиски активисти со обележја на опозициските партии, кои го организираат протестот поради сомнеж во изборна измама и незадоволство од начинот на пребројување на гласовите.
Лидерите на неколку опозициски листи побараа денеска оставка на претседателот на РИК, Дејан Ѓурѓевиќ и на директорот на Републичкиот завод за статистика, Миладин Ковачевиќ, кои ги сметаат за актери на постизборното прекројување на изборните резултати.
Претседателот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ изјави дека денешниот протест на опозицијата е борба за слободна, демократска и толерантна Србија, а не е борба за проценти.
Лидерот на СДС, Борис Тадиќ оцени дека легитимитетот на изборниот систем е доведен во прашање доколку не се почитува правото на само еден човек кој излегол на гласање.
Лидерот на движењето „Доста беше“, Саша Радуловиќ најави дека опозицијата на повторените избори на 15 избирачки места ќе настапи заедно и нагласи дека ова е „почеток на крајот на власта на Александар Вучиќ“.
Демонстрантите носат пароли „Гласови од гроб немаше ниту Слободан“, „РИК е еднаков на РИП“, „Спас за мојот глас“, „Вучиќ крадец, ги украде изборите“...
Од друга страна, пак, протести се подготвуваат и во Република Српска. И опозицијата и власта најавуваат свои митинзи следниот месец.
- Ако опозицијата на протестите собере 40.000 луѓе, како што најавува, јас ќе поднесам оставка и нема веќе да се занимавам со политика, изјави претседателот на РС, Милорад Додик.
Ново на Сител
-

Ангелов: Природата е најголемиот контролор на изграденото од човекот
-

Откриен споменик на Махатма Ганди во Скопје, траен симбол на вредностите што ги обединуваат двата народа
-

По невремето во Скопје во Ургентниот центар примени 11 пациенти
-

Мамдани: Нетанјаху е воен злосторник и треба да биде уапсен
-

МВР: Во невремето во Скопје оштетени 117 возила, 35 покриви, 7 семафори, „Вила Водно“
-

„Опен-АИ“: ВИ самостојно хакирала друга компанија
-

Царинска управа: Непријавен накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари откриен на Меѓународен аеродром Скопје
-

ЦУК: Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје
