Српската амбасадорка во Загреб одби да прими протестна нота од Хрватска
Хрватското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја повикале српската амбасадорка Мира Николиќ за да изразат протест поради обидот за ненајавено и незаконско влегување на припадници на српската армија во таа држава. Според хрватски медиуми, амбасадорката одбила да ја прими протестната нота.
Хрватската страна го осуди обидот да влезат припадници на српската армија „без знаење и согласност од хрватските власти и без да се следи пропишаната постапка за најава“, како и дека Министерството изразило протест и настанот го смета за провокација со цел да се испровоцира инцидент.
„Ова е уште една потврда дека Србија не е подготвена да се соочи со сопственото минато и одговорност за војните во 90-тите години“, се вели во соопштението на хрватското Министерство.
Кадети од Воената академија заминаа за Хрватска во саботата со намера да присуствуваат на богослужба за жртвите во Јасеновац, но беа вратени од преминот Батровци – Бајаково. Делегацијата беше запрена и претресена. Хрватскиот премиер Андреј Планковиќ рече дека станува збор за „ненајавено, непријавено и неодговорно пристигнување за престој во областа Јасеновац“, односно провокација.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека полициската станица во Новска била известена многу порано за посетата на делегацијата на српската армија.
Ново на Сител
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?