Српската актерка Неда Арнериќ пронајдена без свест и пренесена во болница: Повторно се обидела да се самоубие?
Српската актерка Неда Арнериќ синоќа била итно пренесена во Ургентниот центар во Белград откако била пронајдена без свест во својот стан.
Српските медиуми пишуваат дека актерката ја пронашол нејзиниот брат откако не одговарала на телефонските повици, така што ја разбил вратата од станот со помош на бравар.
Арнериќ лежела неподвижна на под поради што била повикана екипа на Брза помош. Локалните медиуми пишуваат дека актерката се обидела да се самоубие, но тоа се непотврдени информации.
Инаку, сопругот на Арнериќ почина кон средината на декември. Српските медиумите за тоа дознаа еден месец подоцна, бидејќи, како што пишуваат, актерката не сакала да ја сподели таа информација.
Арнериќ вчера требаше да присуствува на проекција на нејзин филм, но не се појави.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Потребна е поддршка за членство во ЕУ | ВИДЕО
-
Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика