Српската актерка и одржа лекција на Карлеуша

По се изгледа Јелена Карлеуша си доби нови непријатели откако си даде за право да го коментира стилот и изгледот на актерките Слобода и Драгана Миќаловиќ.
- Тие не се кафекуварки па на јавни места да се појавуваат со ранец, без шминка, со кафеава измиена и неисфенирана коса. Забележав дека актерките го практикуваат тој стајлинг – кежуал валкано, многу ми е гајле, не сум исчешлана и не сум нашминкана или тргнав да фрлам ѓубре, а одат на црвен тепих. Е, па така тоа не може, кажала ЈК во една емисија гледајќи го пристигнувањето на сестрите актерки Миќаловиќ на ревија на нивната тетка модната дизајнерка Верица Ракочевиќ.
Иако е познато дека ретко влегува во такви расправии, по се изгледа дека овој коментар на ЈК ја погодил Слобода Миќаловиќ, која решила да и одговори и тоа преку социјалните мрежи.

-Бојадисаната госпоѓа вели дека така не се доаѓало на ревијата на Верица Ракочевиќ, а врска нема дека токму на мене е фустан дизајниран од Верица! Но сепак добро е! Воопшто немаше да биде на арно да на бојадисаната госпоѓа и се допаднеше како се облеков. Се плашам дека тогаш навистина би имала проблем, напишала Слобода.
Ново на Сител
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
-

Руската противвоздушна одбрана пресретна 86 дронови над Санкт Петербург
