Срѓан Керим се пласираше во финалниот дел од изборот за генерален секретар на ОН
Македонскиот кандидат за генерален секретар на Обединетите нации Срѓан Керим се пласираше во финалниот дел на изборниот процес, кој ќе почне на 5 октомври 2016 година, според резултатите од петтиот круг на гласање за оваа фунција што се одржа вчера во Њујорк.
Како што соопшти Кабинетот на Керим, со оглед дека се работи за специфичен начин на селекција, процесот на избор на Генерален секретар на ОН е прилично сложен.
- Станува збор за усогласување на регионални интереси, настојување да се обезбеди полова еднаквост при изборот, а сето тоа со цел да се одбере најдобриот кандидат. Досегашните резултати укажуваат дека имам поддршка на девет земји членки на Советот за безбедност, што е потребниот минимум за избор. Важно е во финалниот процес да не се добие вето од петте постојани членки. Во следниве неколку недели продолжуваат моите консултации со 15 земји членки на Советот за безбедност и други активности во функција на промовирање на кандидатурата, изјави Керим во соопштението.
Петте постојани членки на Советот за безбедност (САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија) имаат право на употреба на вето во финалниот дел на процесот кој се очекува да заврши во текот на октомври.
Ново на Сител
-
Чешкиот „Блек Хок“ слета на аеродромот Скопје
-
Пронајдено телото на 16-годишната Теодора
-
Трамп: Русија ќе се соочи со нови санкции од САД доколку не ја заврши војната во Украина за 10 дена
-
Активни три пожари на отворен простор од вкупно 20 пожари
-
Создадовме болид со кој ќе се тркаме на светски трки | Ненад и Димитар | Sitel Podcast 106
-
ЕУ планира да замрзне дел од средствата за Украина додека не завршат реформите
-
Муцунски: Генерален конзулат во Корча - затоа што грижата за Македонците во Албанија се мери со дела
-
Од 1 септември нови мерки најавува Вучиќ „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“