Loading Video...
Свет
3. November 2021 - 16:32

Среќен крај - пронајдено 4 годишното девојче по кое 18 дена трагаше цела Австралија

Австралија слави .Четиригодишната Клео Смит, која исчезна пред повеќе од две недели  е пронајдена жива и здрава по масовна и интензивна потрага обајви австралиската полиција.  Куќата во која е пронајдена Клео е на околу седум минути возење од нејзинита семејна куќа во градот Карнарвон, западна Австралија.

-Клео, моето име е Хенри, како си? Дали си добро? Ќе те однесеме да ги видиш твоите родители, ок?

-Моја привилегија е да соопштам дека во раните утрински часови денеска, полицијата за западна Астралија ја спаси Клео Смит. Таа е жива и здрава. Полицискиот тим се проби внатре во затворена куќа во Карнарвон околу 1 часот навечер. Ја најдоа малата Клео во една од собите. Еден од офицерите ја крена во раце и ја праша како се вика. Одговори дека се вика Клео. Клео е вратена на нејзините родители брзо потоа. На овој расплет се надевавме и молевме истакна полицаецот Кол Бланч.

Киднаперот е уапсен. Познато е само дека се работи за 36 годишен маж кој не е поврзан со семејството Смит и дека не е заведен како сексуален престапник. 

Клео исчезна ноќта на 16 октомври од семејниот шатор во кампот „Куба боухолс“, во близина на Карнарвон. Нејзината мајка во текот на целата потрага тврдеше дека Клео е киднапирана.