Средствата одземени од корумпираните политичари, Ријад ќе ги користи за економси развој
Саудискиот министер за трговија развој Маџед бин Абдула ал Касаби најави дека полицијата заврши со првиот бран апсења на принцови и владини министри обвиенти за корупција и дека парите кои ќе бидат конфискувани од нив ќе бидат искористени за економски развој на државата.
Се проценува дека сумата што ќе ја платат или ќе биде запленета од уапсените ќе изнесува меѓу 50 и 100 милијарди долари.
Неколку десетици принцови од кралското семејство, како и околу 200 бизнисмени и политичари беа уапсени во масовната акција, за која се смета дека ја наредил престолонаследникот Мухамед бин Салман.
Меѓу уапсените е и најбогатиот Арап во светот, принцот Алвалид бин Талал, а во текот на истрагата се замрзнати околу 2.000 банкарски сметки.
Минатата недела саудиските власти информираа дека веќе се постигни договори некои од обвинетите да платат казна и да бидат ослободени.
Министерот Ал Касаби изјави дека на специјалната сметка отворена за оваа цел може да се слеат меѓу 50 и 100 милијарди долари, кои ќе бидат искористени од властите за развој на државата.
Ново на Сител
-
Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Поплавени домови во Волково
-
Без струја повеќе места во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар и Радовиш
-
ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет
-
Возете внимателно во дебарскиот регион, има одрони
-
Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
ЦУК: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје
-
Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен