Македонија
20. December 2019 - 15:07
Средношколците од Општина Аеродром излегоа на протестен марш
Средношколците од училиштата од Општина Аеродром во полициска придружба, со скандирања се упатија на протестот против аерозагадувањето пред Министерството за животна средина и Владата.
За денеска во 17 часот пред Министерството за животна средина е закажан уште еден протестен марш против загадувањето – Марш за нашите животи! СТОП за 3.500 жртви од загадениот воздух!, кој ќе се одржи во организација на Зелен фронт, Зелена Револуција.
Средношколците денеска ја бојкотираа наставата во повеќе училишта во Скопје, но и во други градови во знак на протест поради загадувањето на воздухот, во пресрет на денешниот протест против загадувањето.
-
Валентин Николоски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->