Средношколци од Охрид на протест за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“

Ученици од средното техничко училиште ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ во Охрид изутрината ја напуштија наставата и се приклучија кон протестите инцирани преку иницијатавата „За заедничка Македонија“, за кои, истакнаа, дека се насочени кон зачувување на унитарноста на државата, а против двојазичност и федерализација.
Средношколците потоа се упатија кон охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, со намера да ги охрабрат своите врсници да се приклучат кон протестот.
Стотина среднишколци со знамиња и скандирања потоа се упатија кон Градскиот плоштад, каде ги истакнаа своите барања дека се за зачувување на унитарниот карактер на државата, изразувајќи поддршка на политиката на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Најaвија дека со протестите ќе продолжат в среда.
Ново на Сител
-

Ива Михајлова е во Бугарија, молк од институциите како ја поминала границата
-

Стартува Безбеден град во Охрид
-

СДСМ: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и ги убедува граѓаните дека живеат подобро
-

ВМРО-ДПМНЕ: На анкетите јасно се гледа дека Филипче има рејтинг од 3%
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
