Средношколци најдобри на NASA Space Apps Challenge во Македонија
Средношколци постигнаа најдобри резултати на петтото издание на светскиот натпревар NASA Space Apps Challenge во Македонија и ги развиваат своите решенија за да ги претстават пред NASA и други компании од комерцијалната вселенска индустрија.
На настанот учествуваа млади програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи кои заедно работеа на креирање решенија за проблемите со кои се соочува Земјата. Учесниците за време на настанот добија поддршка и совет од страна на ментори кои се експерти во своите полиња на работа.
- Оваа година средношколците доминираа на Nasa Space Apps Challenge. Три тима од кои два се Judge’s Choice, еден People’s Choice ќе се натпреваруваат за наградата посета на лансирање ракета и меѓу нив жири комисија и претставници од NASA ќе го изберат победникот, соопшти организаторот ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Голдилокс Стејт Фондацијата.
Натпреварот NASA Space Apps Challenge се одржа од 28 до 30 минатиот месец во Скопје, во партнерство со Американска амбасада во Скопје и телекомуникацискиот оператор Вип, а под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов.
Како што информираа организаторите, тимот SWIFT изработил прототип решение за собирање и обработка на информации од соларни сензори кои би се користеле за предвидување на искористеноста на соларни панели. Од тимот DELTA пак изработиле прототип на уред и платформа за намалување на времето на детектирање пожари, како и нивно пријавување од случајни минувачи. Тимот NUMERO UNO одговори креативно на предизвикот на НАСА за изработка на видео во кое што ќе покажеме колку е „кул“ планетата земја и ја освои наградата од публика.
- Потврда за досегашниот успех и квалитет на решенијата креирани од тимовите во Македонија и на организацискиот тим на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот кој стои зад овој натпревар од почетокот, е што оваа година победничкиот тим од Македонија директно патува во Kennedy Space Центарот на NASА каде ќе има можност да проследи полетување на вселенско летало, но и да го презентира своето решение пред претставници на NASA и комерцијалната вселенска индустрија, соопшти Њуменс бизнис акцелераторот.
Ново на Сител
-
Tерорист од Чаир стана министер во Сирија
-
Барселона финализира договори за неколку клучни играчи
-
„Ќе ти ги убиеме децата“, уапсен маж кој се заканувал на српскиот претседател Вучиќ
-
Утре инаугурација на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ХДЗ бојкотира
-
Мисајловски во официјална посета на Словенија
-
3.142 казнети возачи викендов, 1.498 за брзо возење, 247 возеле без возачка, 111 под дејство на алкохол
-
Пронајдени угинати берберски овци во Зоолошка
-
Тешко повреден 18-годишен мотоциклист