Средби на Ципрас со Оланд и Медведев

Францускиот претседател Франсоа Оланд и грќкиот премиер Алексис Ципрас сметаат дека новиот спасувачки пакет за Грција може и треба да биде договорен наскоро по 15 август, пренесува БТА.
- Целта на преговорите за спасувачката програма е да завршат до крајот на август. Знаеме дека е тешко, но сакаме да гарантираме дека условите ќе бидат почитувани. Засега сметам дека ситуацијата е добра и разговорите одат во вистински правец, истакна синоќа Оланд по средбата со Ципрас во Египет, каде присуствуваа на церемонијата на отворање на проширениот Суецки канал.
Претставниците на кредиторите на Грција (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) се во Атина во обид да изготват финансиски план за Грција преку заем од над 80 милијарди евра за три години. Договорот треба да биде постигнат до 20 август, кога Грција на ЕЦБ треба да исплати 3,4 милијарди евра.
Ципрас имаше средба и со рускиот колега Дмитриј Медведев, кои се однесуваа на економската и енергетската соработка меѓу двете земји. Тие се договориле да ги интензивираат контактите меѓу двете земји на техничко ниво со оглед на свикувањето мешана грчко-руска меѓувладина комисија во ноември. Тие се договорија министрите за енергетика да ги засилат контактите во следните месеци и ја потврдија волјата за реализација на досега договорените планови.
Ново на Сител
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
