Средбата Заев-Мицкоски не донесе голем напредок во преговорите за СЈО
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на Христијан Мицкоски синоќа на средба се обиделе да ги доближат ставовите во преговорите за Специјалното јавно обвинителство, потврдија од власта и од опозцијата.
На состанокот на која присуствувале и првите луѓе на преговарачките тимови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ минситерката Рената Дескоска и адвокатот Тони Менкиноски неофицијално, бил постигнат мал напредок и биле прифатен дел од сугестиите на опозицијата. Сепак, тоа е доволно за двете страни да се отимисти дека до комплетно законско решение може да се дојде до 6 мај.
Официјално двете страни само ја потврдуваат средба без детали за што точно се разговарало.
„Со оглед на тоа што клучните разлики остануваат, двете страни се согласија консултациите за законот да продолжат. За крај, уште еднаш потенцираме дека сите политички партии треба да дадат приоритет на европската перспектива на нашата држава“, велат од министерството за правда.
И СДСМ со сличен став.
За опозицијата средбата била со цел да во иднина да не се води битка на партиите за обвинителството преку медиумите.
Извори од преговарачкиот тим за сител, ги потврдија претходните најави на Заев дека СЈО нема да може да ги користи бомбите како доказ во судските постапки бидејќи се работи за контаминирани докази.
Од друга страна, се уште не е договорена позицијата на СЈО во државното обвинителство. Власта инсистира СЈО да стане ново обвинителство во рамките на државното со тоа што за неколку години ќе ги преземе и ингеренциите на обвинителството за организиран криминал и корупција. Опозицијата пак, става црвена линија за нограниченото финансирање на СЈО.
Се уште нема одлука ни за кадорвскиот состав на СЈО односно дали на чело на тимот одстанува Катица Јанева.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
