Средба Заев-Шчербак
Претседателот на СДСМ Зоран Заев попладнево се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак, на која, според соопштението од СДСМ, се разговарало за потребата од брза разврска на политичката криза со цел Македонија што поскоро да добие влада, којашто ќе се посвети на клучните прашања за граѓаните и развој на државата.
- СДСМ работи на обезбедување парламентарно мнозинство со цел формирање стабилна влада, којашто ќе зафати со сите потребни реформски процеси за да обезбеди добра иднина за граѓаните и за Македонија, рекол на средбата Заев, соопшти СДСМ.
Заев додал дека СДСМ е определена кон решавање на сите прашања од интерес за граѓаните преку почитување на Уставот и законите.
- На средбата беше посочено дека политичките субјекти во Македонија преку своите потписи на Договорот од Пржино ја изразија својата подготвеност за напредок на Македонија низ реформски процеси, тоа го потврдија мнозинството граѓани преку кредибилните избори и сега е потребно сите партии да ја покажат својата совесност и да го овозможат демократскиот развој на Македонија, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Едно лице убиено, а едно повредено во престрелка во Топанско поле
-
Успешно завршено Националното кик бокс првенство, кик боксот спорт број 1 во Македонија
-
Дончиќ дебитираше за Лејкерс, „езерџиите“ запишаа шеста победа по ред
-
Нова серија на земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос
-
Седници на четири собраниски комисии
-
КБК Шампион најдобар на Националното кик-бокс првенство
-
Потпишување договори меѓу АД ЕСМ и Банкарска група KfW
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка