Средба Заев-Џонсон: Обединетото Кралство со целосна поддршка за Македонија
Обединетото Кралство целосно ја поддржува Република Северна Македонија, а земјата со спроведувањето на реформите во согласност со вредностите на НАТО и ЕУ целосно го заслужува своето место во евроатлантските демократски сојузи, било истакнато на средбата меѓу премиерите на двете држави Борис Џонсон и Зоран Заев, што се одржа во Лондон на маргините на Самитот на НАТО.
Заев на средбата нагласи дека Северна Македонија нема алтернатива за овие процеси и дека во изминатите две години беше фокусирана на исполнување на сите неопходни услови за да покаже дека е подготвена за полноправно членство во НАТО и ЕУ.
На средбата двајцата премиери ја истакнаа определбата за долгорочно зајакнување на односите меѓу двете земји како потврда за меѓусебното блиско пријателство и взаемна поддршка, сега и во рамки на сојузништвото во Алијансата.
Премиерите Заев и Џонсон ја издвоија заедничката посветеност за продлабочување на економските и трговските односи меѓу двете земји, како и на поддршката за развој и унапредување на регионалната соработка.
Ново на Сител
-
Данте стана најстариот играч во историјата на Лигата на Европа
-
ЦУК: Активни три, под контрола четири пожари
-
Продолжува лекарскиот скрининг на населението во Трубарево, вчера прегледани 111 лица
-
АБА лигата ќе има нов тим – доаѓа од Саудиска Арабија
-
Еурофарм Пелистер без рецепт за победа против ГОГ Гудме, поразен со 31:28
-
Меси осамен на врвот на листата голгетери во МЛС
-
Предупредување од експерти: Ковид беше само најава на катастрофата што следи
-
Нетанјаху: Признавањето палестинска држава е срамно предавање пред тероризмот