Средба Заев - Џаферовиќ: Ќе се зголемува парламентарната соработка

Премиерот Зоран Заев денеска во Сараево се сретна со претседавачот на Претставничкиот дом при Парламентарното собрание на БиХ, Шефик Џаферовиќ.
- „Одиме напред“ е заедничката оценка, како и дека Република Македонија и БиХ на дело ја реализираат регионалната соработка потребна за евроинтеграциите на државите, соопшти Службата за информирање на македонската Влада.
Констатирано било дека пред двете држави е пат за добра соработка, со оглед дека нема отворени прашања меѓу нив. Било оценето и дека различностите во двете земји се предност за државите, затоа што тие се темел на самата ЕУ, којашто е стратешка цел и на двете држави.
На средбата се разговарало за можноста да се поттикне поголема парламентарна соработка со оглед на значајноста на парламентот како институција.
- Новата Влада на Република Македонија цели кон тоа Парламентот во Македонија да биде коректив на власта, затоа што само на тој начин е можен вистински напредок на државата, рекол премиерот Заев.
Претседавачот на Претставничкиот дом при Парламентарното собрание на БиХ, Џаферовиќ ги поздравил позитивните демократски промени во Македонија.
- Вие сте една нова надеж, еден нов импулс за регионот, му рекол претседавачот на Претставничкиот Дом Џаферовиќ на премиерот Заев.
Македонскиот премиер соопштил дека мирната разврска на политичката криза во Македонија отвора пат кон евро-атлантските интеграции, но е и порака како низ мудри, внимателни и зрели политики и пред се политичка волја е можен вистински развој и за регионот.
Од страна на премиерот Заев е упатена покана парламентарна делегација на БиХ да ја посети Република Македонија.
Ново на Сител
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
-

Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
-

Мечки ги пустошат пчеларниците
