Средба за нацрт-програма за реформа на управувањето со јавните финансии 2018–2021
Механизмот за граѓански организации ИПА2 денеска организира консултативна средба со претставници на граѓанското општество и други засегнати страни, за Нацрт-програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018–2021, изработена од работна група составена од Министерството за финансии.
Програмата има за цел да го рационализира финансиското работење на јавните институции, како и да го зајакне надзорот и транспарентноста во однос на трошењето на парите на граѓаните.
Цел на консултацијата е да се резимираат препораки за подобрување на програмата.
Консултацијата се спроведува со поддршка од проектот ИПА2 Механизам за граѓански организации (IPA2CSO), финансиран од ЕУ, а спроведуван од Евротинк, Еко-свест, Реактор и Асоцијацијата Зенит.
ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации е граѓанска платформа за дијалог за јавните политики и реформите во сите сектори во кои е насочена претпристапната помош од ЕУ.
Ново на Сител
-
Опозицијата во српскиот парламент ја бојкотира денешната седница по вчерашниот инцидент со димни бомби
-
Албанската полиција спречила шверц на оружје и фалсификувани документи кои требало да завршат во Македонија
-
Еврокомесарката за проширување изрази загриженост поради немирите во српскиот парламент
-
Кремљ го оцени писмото на Зеленски до Трамп како „позитивен чекор“
-
Картално здружување на 10 осигурителни компании, случајот го коментираше и премиерот Мицкоски
-
Оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата, најави премиерот
-
Турција планира да гради ѕид на границата со Грција
-
Почина продуцентот Панче (Панта) Мижимаков